„Скај Германија“ пренесува: Санчо си оди од Борусија, позната следната дестинација на Англичанецот

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Оваа информација ја пренесува респектабилниот „Скај Германија“ кој пишува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот и е подготвен за него да плати 100 милиони фунти.

За 20 годишниот фудбалер постои интерес и од Челси, меѓутоа се верува дека играчот ќе се врати во Манчестер, но овој пат за разлика од времето кога играше во Сити, ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед.