„Скај“ јавува: Манчестер Јунајтед ја испрати понудата за Санчо, стигна експресен одговор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед долго време се поврзува со ангажман на Џејдон Санчо од редовите на Борусија Дортмунд.

„Ѓаволите“ и покрај сите преговори не успеаја да постигнат договор со Борусија Дортмунд околу цената, а нивната последна понуда како што јавува „Скај Германија“ била веднаш одбиена од „милионерите“.

Манчестер Јунајтед испратил понуда од 100 милиони евра која била распоредена така што клубот првично би платил 80 милиони евра, а во зависност од настапите на Санчо преку бонуси би исплатил уште 20 милиони евра.

Сепак ова било неприфатливо за Борусија Дортмунд која бара чисти 120 милиони евра за својот фудбалер.