„Скај Спорт“: Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спорт Италија“ пишува дека Џанлуиџи Буфон ќе се врати во Јувентус. Голманот има 41 година и реши да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, па засега нема официјална информација каде ќе ја продолжи кариерата.

Буфон се поврзуваше со враќање во Парма, а сега наводно е во напредни преговори со Јувентус во кој помина најголем дел од успешната кариера.

Според зборовите на новинарот Џанлука ди Марцио, Буфон решил да се врати во Торино, а Јувентус го сака на гол и во следната сезона во натпреварите во кои нема да брани полскиот голман Војчех Шчесни.

Планот на Јувентус е по една сезона Буфон да биде поставен на некоја од функциите во клубот.

Да потсетиме, Буфон помина 17 години во Јувентус и бранеше на дури 656 меча во сите натпреварувања.