Скај Спорт: Игуаин на медицински прегледи во Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин моментално се наоѓа на медицински прегледи во новиот клуб, соопшти Скај Спорт.

Се работи за Јувентус кој прифати да ја активира откупната клаузула во договорот на овој одличен напаѓач и да го ангажира.

Игуаин долго време се поврзуваше со Старата дама, но сега дојде крај на тие шпекулации барем ако се суди според овој извор.

Јувентус на Наполи за услугите на Игуаин ќе уплати вртоглави 79 милиони фунти, колку што изнесува откупната клаузула.

Да потсетиме дека Игуаин во минатата сезона постигна 36 голови и дека беше прв стрелец во Серија А.