„Скај Спорт“: Јувентус го избра новиот тренер


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Павел Недвед го избрале новиот тренер на Јувентус за идната сезона, откако претходно клубот се раздели од Масимилијано Алегри.

Во четвртокот по финалето во Лига Европа, Фали Рамадани, агентот на Сари ќе има состанок со управата на Челси, за да се договорат за заминувањето на Италијанецот.

„Сините“ размислуваат веќе и за замената на Сари, а тоа ќе биде Френк Лампард, кој зад себе има одлична сезона, како менаџер на Дерби каунти.

Инаку, Сари ги воодушеви сите со Емполи, а потоа и со Наполи, па минатото лето се пресел во Челси, но очигледно неговата авантура нема долго да трае во Премиерлигата.

Доколку не се случи некое изненадување, тогаш Сари ќе седне на тренерското столче на Јувентус, а како резервна опција се споменува и Симоне Инзаги.