„Скај Спорт“: Солскјер сака да купи еден од најскапите тинејџери во светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед е еден од клубовите кои се заинтересирани за услугите на 18-годишниот фудбалер на Рен, Едуард Камавинга.

„Скај Спортс“ објави дека тинејџерот има уште една година од неговиот договор, а наводно Јунајтед имал преговори со менаџерите на младиот фудбалер.

Камавинга во есен може да потпише договор со друг клуб бидејќи има уште една година од соработката со Рен, доколку претходно не потпише договор со францускиот тим.

Јунајтед дотогаш сака да ја среди ситуацијата и да ја добие битката за потписот на Камавинга за кого интерес покажа и Реал Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ ова лето го ангажираа Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а една од желбите на премиерлигашот е и дефанзивецот на Реал, Рафаел Варан.