„Скај Спортс“ со ексклузива: Клубовите од Манчестер во трка за англиски репрезентативец


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во летниот преоден рок до крај ќе се борат за ангажман на еден англиски репрезентативец.

И двата клуба имаат потреба од стопер, па „Скај Спортс“ пренесува дека прв пик на клубовите од Манчестер е Хари Мегваер од Лестер.

„Дејли Мејл“ пишува дека Сити има предност во трката за потписот на одличниот стопер, меѓутоа „Скај Спортс“ го негира тоа и пишува дека двата клуба се уште се во сериозна игра.

Лестер за услугите на Мегваер ќе бара сума од 80 милиони фунти со што стоперот ќе стане најскап одбранбен играч во историјата со што ќе го помине Ван Дајк кој во Ливерпул пристигна за 75 милиони фунти.