„Скај Спортс“ со трансфер ексклузива: Манчестер Јунајтед носи фудбалер на Бенфика


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најеминентните англиски медиуми, „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на Бенфика, Гедсон Фернандеш.

Станува збор за 20 годишен фудбалер кој игра во средината на теренот и кој првично би пристигнал на „Олд Трафорд“ како позајмен фудбалер.

Манчестер Јунајтед би имал право на откуп на неговиот договор за 34 милиони фунти, иако во неговиот договор има откупна клаузула од 102 милиони фунти.

Фернандеш годинава воопшто не е стандарден во Бенфика откако влезе во конфликт со тренерот на клубот, Бруна Лаге.

Солскјер неодамна изјави дека ќе купува играчи само ако тие се слободни за премин во друг клуб, а се чини дека Фернандеш во моментов е и повеќе од слободен.