Скалони прими ужасни вести: Аргентинец поради тешка повреда на тренинг го пропушта Мундијалот!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Аргентина се подготвува за одбрана на златото кое го освоија на претходното Светско првенство.

Секако, пред нив не е нималку лесна задача, бидејќи има многу репрезентации кои ќе се обидат да ги симнат од тронот.

Сега селекторот на Аргентина, Скалони, доби нови ужасни вести, бидејќи Леонардо Балерди се повреди.

Балерди нема да настапи на Светското првенство, откако вчера заработи тешка повреда на ногата на тренинг.

Го очекува закрепнување од најмалку еден месец и нема да може да учествува на овогодишното Светско првенство.