Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
На Апенинскиот полуостров не може да мине без извесна доза на скандал. Речиси секој ден медиумите носат по една нова вест која ја шокира јавноста.
Фудбалскиот репрезентативец на Нигерија, Адемола Лукман поднел барање за трансфер од сегашниот клуб – Аталанта.
Овој фудбалер моментално се опоравува од повреда на листот, и го обвини клубот од Бергамо дека не ги почитувал договорените ветувања.
Имено, Лукман е на мета на милански Интер и многу е близу до договор со тој клуб. Уште од претходно имал договор со Аталанта дека може да замине од клубот ако стигне фер понуда.
Меѓутоа, изгледа дека Лукман и Аталанта немаат ист поим за изразот “фер понуда”, и Нигериецот смета дека веќе требало да биде на пат кон Интер.
За сето тоа тој се огласи на социјалните мрежи каде што откри дека поднел барање за трансфер.
“Аталанта прими понуда што е во согласност со она што претходно беше договорено.
Сепак, тие се повлекоа од договорот. Чувствувам дека немам друг избор освен јавно да кажам што се случува.
Доста беше! Можам да потврдам дека поднесов официјално барање за трансфер”, напиша Лукман.
Фотографија: Принтскрин