Скандал го „тресе“ Островот: Познат идентитетот на фудбалерот кој е обвинет за педофилија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиските медиуми објавија вистински скандал кој се случува во Евертон. Еден од фудбалерите на првиот тим на „карамелите“ беше обвинет за педофилија и тоа ги шокираше сите.

Фудбалерот на Евертон бил упасен во неговиот дом и потоа бил однесен во полициска станица за да даде изјава за целиот случај, по што бил пуштен на слобода откако платил кауција.

Од полицијата објавија дека 31-годишниот фудбалер игра за првиот тим на Евертон, а сега медиумите открија дека тој е суспендиран додека не заврши полициската истрага.

Иако од полицијата не сакаа да го откријат неговиот идентитет, сепак медиумите пишуваат дека наводно станува збор за Сигурдсон, кој веќе ги избришал сите профили од социјалните мрежи, а тоа го направила и неговата сопруга.

Исто така, навивачите на Евертон се сигурни дека станува збор за него, но треба да се почека официјална потврда од клубот и полицијата затоа што уште трае истрагата.