Скандал на натпреварот на Денвер: Јокиќ нападна по провокација, сега стигна и казната (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ е казнет со 50.000 долари поради инцидентот на крајот од четвртата утакмица од плејоф серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс, соопштија од НБА лигата.

До инцидентот дојде во завршницата на натпреварот кој Минесота го доби со резултат 112:96 и поведе со 3:1 во серијата. Во последните секунди од натпреварот, играчот на Тимбервулвс, Џејден МекДанилс, постигна лесен кош иако прашањето на победникот веќе беше решено, што предизвика бурна реакција од Јокиќ. Српскиот центар потоа го претрча теренот и го отурна противникот, по што дојде до нагуркање меѓу играчите на двата тима.

Во тепачката се вклучи и Џулиус Рендл, кој е казнет со 35.000 долари поради агресивно однесување и дополнително ескалирање на конфликтот. Двајцата беа исклучени од игра поради неспортско однесување.