Скандал на првиот натпревар од сезоната во Англија, навивач со тупаница нападна фудбалер (Видео)


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сезоната во Англија официјално започна во петокот со натпревар од првото коло на Чемпионшипот на стадионот “Сент Ендрус”, каде што повратникот Бирмингем со досега премиерлигашот Ипсвич одиграа 1:1. Иако, пофер и пореално е да се каже обратно согласно на тоа како се одвиваа работите.

Ѕвездата на Бирмингем, Кристоф Кларер, гневно реагираше на првиот гест, а играчите на двата тима завршија во општ метеж. Соиграчот на Чаплин од Ипсвич, Тејлор, му пријде за поддршка, но се најде сред борба до теренот.

Токму тој едвај го избегна замавот што се обиде да му го зададе навивач со очила за сонце, кој прескокна ограда и влезе на теренот, пред да биде совладан од обезбедувањето.

Фото: Принтскрин