Скандал пред Ролан Гарос: Два меча се под сомнеж дека биле наместени (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ролан Гарос оваа сезона ќе почне на 22 мај, но вториот гренслем-турнир би можел да има негативна увертира поради сомнеж дека два меча од квалификациите биле наместени.

Француски „Л’Екип“ објави дека полицијата го истражува случајот. Тие се сомневаат дека мечот меѓу Дудим Села и Бернабе Запата Миралес (3-6, 0-6) бил наместен, но исто така сомнителен е и дуелот меѓу Тиаго Монтеиро и Тенис Сандграм.

Миралес и Села привлекоа внимание затоа што при вториот сет Израелецот играше многу лошо и правеше некои чудни потези, а притоа беа забележани голем број уплати во живо.

Минатата година имаше сличен скандал, кога беше уапсена руската тенисерка Јана Сизикова, поради загубен меч заедно со Медисон Брагл во двојки.