Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан го напушти клубот, по што Реал Мадрид го ангажираше Карло Анчелоти, а еден од најконтроверзните луѓе во европскиот фудбал, Флорентино Перез уште размислува за заминувањето на поранешниот стратег.
Зидан се збогуваше со писмо, но Перез тврди дека тоа е фалсификат и дека пораката на поранешниот тренер не ја прочитал, иако имаше убави зборови за Французинот.
„Добро го познавам Зидан и знам дека ова беше тешка година за него. Јас сакав да остане, не го прочитав неговото писмо, би се заколнал во внуците. Знам дека човекот кој го напиша тоа не е Зидан“, вели Перез.
Анчелоти ќе има тешка задача во Мадрид бидејќи тимот во претходната сезона не освои ниту еден трофеј, а исто така годината не ја искористи за да го подмлади составот, па на крајот си замина и капитенот Серхио Рамос.
Сега од италијанскиот стратег се очекува да ја поправи ситуацијата и да се засили со одреден број фудбалери, а се очекува помош и од Перез во таа мисија.