Скандал во најава на Австралија опен: Организаторите работат против Ѓоковиќ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште помалку од две недели останаа до почетокот на Австралијан опен, но и понатаму нема информација дали најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе го брани шампионскиот трофеј во Мелбурн.

Србинот во претходните денови беше снимен во Марбелја како тренира со топчиња со кои ќе игра во Мелбурн, но и понатаму одбива да каже дали е вакциниран.

Во меѓувреме, австралиските медиуми пишуваат дека Ноле има сè помалку време и дека оваа недела е планирано доаѓање на последните тенисери кои ќе настапат во Австралија.

„Што се однесува до статусот на Новак, ќе имаме јасна слика во следните денови. Тој доцни кога станува збор доаѓање на Австралијан опен. Ѓоковиќ има право да открие дали е вакциниран или не“, вели директорот на турнирот Крег Тајли.

Австралискиот медиум „Хералд Сан“ објави дека организаторите веќе одобриле медицински исклучок на дел од тенисерите и тенисерките, а меѓу нив не е Србинот.