Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилската одбојкарка Тандара Каишета падна на допинг тестот. Искусната дама веќе го напушти Олимпиското село и се враќа во татковината.
Олимпискиот комитет на Бразил објави дека прекршокот се случил на вчерашниот тест кој бил направен надвор од натпреварувачкиот период.
Бидејќи бразилската анти-допинг агенција објави дека Каишета падна на тестот, Олимпискиот комитет на Бразил нареди одбојкарката да замине од репрезентацијата.
Одбојкарката се јави преку социјалните мрежи и напиша дека ќе даде повеќе информации кога ќе заврши случајот.
Одбојкарките на Бразил денеска од 14 часот го играат полуфиналниот меч против Јужна Кореја.