Скаути на Манчестер Јунајтед овој викенд ќе престојуваат во Италија и ќе следат двајца играчи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Италија, скаути на Манчестер Јунајтед ќе престојуваат на Апенините овој викенд и ќе следат двајца фудбалери.

„Газета дело Спорт“ пишува дека скаутите ќе ги следат настапите на Калиду Кулибали кој би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 100 милиони фунти, како и за играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела.

Токму Наполи и Каљари ќе ги вкрстат копјата на неделниот натпревар кој ќе е без поголемо резултатско значење.

Солскјер денес потврди дека многу играчи се заинтересирани да го засилат Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.