Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скаути на Манчестер Јунајтед ги следеле Муса Дембеле и Бубакари Сумаре на натпреварот помеѓу Лион и Лил кој двата клуба го одиграа во рамките од францускиот куп.
Јунајтед е заинтересиран во своите редови да донесе еден напаѓач и еден играч од средниот ред, а сериозно се размислува за ангажман на француските играчи.
Бубакари Сумаре е назначен како „новиот Погба“ и би можел да направи трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, додека пак „ѓаволите“ се заинтересирани и за напаѓачот Муса Дембеле.
Сепак, тешко е дека ќе се реализира трансфер на овие играчи во јануарскиот преоден рок, но сигурно Манчестер Јунајтед ќе размислува за нивен ангажман на лето.