„Скај Спортс“ ја објави листата на најдобрите фудбалери на Светското првенство


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако Аргентина не успеа да ја одбрани светската титула, легендарниот Лионел Меси според Sky Sports е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство 2026.

Капитенот на „гаучосите“ го предводи престижниот список, пред француската ѕвезда Килијан Мбапе, кој заврши на второто место. Трет е англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој одигра одличен турнир и беше еден од лидерите на Англија.

Во топ 5 се најдоа уште Французинот Усман Дембеле, кој го освои четвртото место, како и шпанскиот голман Унаи Симон, еден од најзаслужните за освојувањето на светската титула на Шпанија.

Топ 5 играчи на Светското првенство според Sky Sports:

  1. Лионел Меси (Аргентина)
  2. Килијан Мбапе (Франција)
  3. Џуд Белингем (Англија)
  4. Усман Дембеле (Франција)
  5. Унаи Симон (Шпанија)