До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс изјави дека ќе биде “најлошиот тим што освоил лига” ако оваа сезона Arsenal го подигне трофејот на Премиер лигата. „Топџиите” сѐ уште се на врвот на табелата со четири поени предност, но нивното водство беше намалено изминатиот викенд по поразот од Манчестер јунајтед, додека најблиските ривали, Манчестер сити и Астон вила, остварија победи.
Арсенал се бори за првата титула првак од 2004 година, откако во последните две сезони беа многу блиску, но иконата на “Црвените ѓаволи” не е импресионирана од тоа што го видела оваа сезона.
„Ако Арсенал ја освои лигата, би можел да биде најлошиот тим што некогаш станал првак. Кога би избирале тим на сезоната и би составувале напаѓачка четворка, никој од Arsenal не би влегол”, изјави Сколс за подкастот The Good, The Bad & The Football.
















