Сколс беше еден од најдобрите, а само еден клуб сакал да го купи од Јунајтед!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс кажа дека Интер е единствениот клуб, кој бил заинтересиран за неговите услуги.

Поранешниот фудбалер на „ѓаволите“ ја помина цела кариера на „Олд Трафорд“, а порадитаа веројност ретко кој клуб се осмелувал да се обиде да го купи.

„Никогаш не добив информација дека било кој доаѓа по мене. Агентот кој го застапува Брајан Робсон претходно ме контактираше додека бев на Европското првенство во 2000 година и ме праша дали сакам да се преселам во Интер. Тоа беше единствен повик, кој го добив. Потоа не слушнав ниту еден клуб да сака да ме ангажира, а ниту тренерот ништо не ми кажуваше. Играв во клубот за кој што навивав, постојано освојувавме трофеи…“, кажа Сколс.