Сколс ги нападна газдите на Јунајтед: Чувствувам како да просиме, а не дека сме богат тим!


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед сè уште е на удар на незадоволството од навивачите, а ко-сопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф е на нишанот на легендата на Јунајтед Пол Сколс.

Ретклиф неодамна изнесе план за изградба на нов стадион за Манчестер Јунајтед, што ќе чини околу две милијарди фунти.

Оваа вест пристигна прилично неочекувано со оглед на тоа дека Манчестер е во голема резултатска криза.

„Понекогаш можете да бидете наивни и да му верувате на тоа што го кажува Џим Ретклиф, заради тоа што никогаш не сте чуле некој друг да зборува за тоа. Не знаеме всушност колку е тоа реално, сè уште висат зборовите во воздух. Зборовите се евтини, можеме да кажеме било што за било кого, можете да кажете дека за десет години ќе имаме најголем и најдобар стадион на светот, можете да кажете било што. Долго време не сметаа за најбогат клуб на светот, но имам чувство како сега да просиме, бараме пари за стадион чија градба ќе трае две милијарди, а продаваме играчи за да купуваме нови“, рече поранешниот фудбалер на Јунајтед Пол Сколс.