Сколс одамна најави кој ќе ја освои Лигата на шампионите (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


ПОЛ СКОЛС, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, се докажа како добар во предвидување на расплетот на Лигата на шампионите. Видео снимено пред четвртфиналните натпревари стана вирусно откако заврши сезоната во која ги добивме финалистите на натпреварувањето. Да потсетиме, за трофејот ќе се борат ПСЖ и Интер, што Сколс одамна го тврдеше.

Во својата прогноза од четвртфиналето до натпреварот за титулата направи само една грешка. Предвиде дека Реал Мадрид ќе се пласира во полуфиналето против Арсенал, а сè друго погоди. Така најави дека во полуфиналето ќе биде и Пари Сен Жермен и дека Барселона ќе ја победи Борусија Дортмунд во четвртфиналето, односно дека Интер ќе биде подобар од Баерн.

Бидејќи наместо Арсенал стави Реал во полуфиналето, прогнозираше победник во мечот Реал – ПСЖ. Предност даде на парискиот клуб и го постави во финалето. Во два двобојa меѓу Барселона и Интер најави дека ќе помине италијанскиот тим. Тој избори финале по 3:3 во Барселона и 4:3 во Милано.

Пред клубовите сега е финалето на 31 мај во Минхен. Сколс смета дека трофејот наменет за победникот ќе го подигне Интер.

Фото: Принтскрин

.