Сколс со искрен одговор околу иднината на Погба: Манчестер Јунајтед нема…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс даде изјава за иднината на Пол Погба во клубот од „Олд Трафорд“.

Французинот јасно стави до знаење дека сака да си замине од Манчестер ова лето, меѓутоа негов трансфер не се реализира па тој остана во клубот.

Сега, повторно се зборува за можно заминување на Погба во следниот летен преоден рок, а Сколс смета дека тоа нема да биде голема загуба за „црвените ѓаволи“.

„Не мислам дека ќе биде голема загуба за Јунајтед. На крајот на денот неговата форма не беше одлична никогашво последните три години овде. Сигурен сум дека има многу играчи кои може да го заменат и да одиграат многу подобро од него“ –истакна Сколс.