Скриена камера: Пандев се исплаши дека Џенова го продала во Индија! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев бил жртва на урнебесна италијанска скриена камера на телевизијата „Медијасет“.

Во „местенката“ за Пандев учествувал капитенот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.

Имено, додека седат и се дружат во едно кафуле Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија. На почетокот Пандев беше убеден дека е шега, но како што работата одминуваше и Корси му кажуваше детали изгледаше сериозно.

Корси му кажува на Пандев дека ќе заработи 72 милиони евра за три сезони плус 10 како бонуси ако се остварат одредени резултати. Во тој момент Пандев реагира и помеѓу другото коментира.

„Каков Ченаијин (клубот за кој му кажуваат дека е продаден), каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“, коментира Пандев.

За се да биде поинтересно се појавуваат и тифозите на Џенова со транспарент на кој пишува: Пандев предавник! Тие се собираат и скандираат пред куќата во која се наоѓа Пандев.

Погледнете го тоа ТУКА.