Скромниот Канте не им одолеа на арапските милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте го напушта поранешниот англиски шампион Челси, иако јавно кажа неколку пати дека сака да остане во Лондон, но премиерлигашот не му понуди нов договор.

Иако се преговараше пред неколку месеци за нов договор, сепак Челси се повлече од преговорите и поради тоа Канте реши да си ја бара среќата на друго место.

Канте важи за еден од најскромните фудбалери во светот, но и покрај тоа не им одолеа на арапските милиони.

Французинот треба да потпише двегодишен договор со Ал Итихад, а притоа ќе заработи 200 милиони евра.