Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид се најде во огромни проблеми откако вчера се повредија три играчи. Најтешко страдаше стоперот Едер Милитао чијашто повреда на колено значи долга пауза. Сега е јасно дека скржавоста на Флорентино Перез минатото лето може скапо да ги чини Кралевите.
Флорентино Перез е вистински мајстор на трансфери, но првиот човек на Реал Мадрид често знае да биде исклучително скржав и не сака да дава суми кои ги смета дека се преголеми за одредени играчи.
Откако минатото лето клубот го напушти Начо заедно со повредениот Давид Алаба кој не беше подготвен за игра, Кралевите останаа прилично ослабени на стоперските позиции.
Кралскиот клуб имаше намера да ја засили одбраната. Рикардо Калафиори и Лени Јоро беа опции, но тука на сцена стапи скржавиот Флорентино Перез.
Првиот човек на Кралевите не сакаше да даде 45 милиони евра на Болоња за Калафиори, како ни на Лил повеќе од 30 милиони за Јоро. Овој вториот на крајот беше продаден на Манчестер Јунајтед за 62 милиони евра.