Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот стратег, Славен Билиќ е блиску до договор да стане нов тренер на Вест Бромвич Албион.
„Скај Спортс“ пренесува дека веќе биле одржани неколку средби помеѓу Славен Билиќ и претставниците на Вест Бромвич Албион. На почетокот имало огромни разлики меѓу двете страни, во поглед на платата, но потоа сите детали биле договорени.
Сега остануваат само денови кога Славен Билиќ и официјално ќе се врати во Англија и ќе го преземе славниот англиски клуб кој и следната сезона ќе ја помине во Чемпионшип лигата.