ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Ливерпул денес загуби во пријателскиот натпревар од Милан (4:2), а изборот на играчите на Арне Слот за овој натпревар привлече многу внимание.
Денес, од 13:30 часот се одигра пријателски натпревар во Хонг Конг помеѓу Ливерпул и Милан.
Росонерите подобро го започнаа овој натпревар и поведоа веќе во десетата минута со гол на Леао на асистенција на Пулишиќ.
Ливерпул 16 минути подоцна возврати удар со гол на Собослаи и со тој резултат (1:1) се отиде на задолжителна пауза.
Следуваа два брзи гола за Милан во второто полувреме. Во 52-та минута погоди Лофтус-Чик за 2:1, а осум минути подоцна Окафор за 3:1.
Во судиското продолжение беа видени два гола. Гакпо погоди за 3:2 во третата минута од судиското продолжение, а пред самиот свиреж на судијата за крај на натпреварот Окафор постигна свој втор гол и го постави конечниот резултат 4:2.
Дури 22 играчи на Ливерпул денес добија шанса, а на навивачите на Црвените не им требаше долго да забележат кој недостасува во ростерот.
Имено, двете ѕвезди на клубот од Мерсисајд – Луис Дијаз и Дарвин Нунез не се најдоа ни на клупа за денешниот натпревар и очигледно е дека нивното време на Енфилд е истечно.
Овој дует летово сигурно ќе го напушти Ливерпул, а Дијаз веќе е во преговори со германскиот гигант – Бајерн Минхен.
Фото: Грок AI