Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ливерпул, ако по утрото денот се познава, направи вистински погодок со наследникот на Јирген Клоп кога го именуваше Арне Слот на позицијата менаџер.
На Ливерпул одлично му оди оваа сезона со Арне Слот на чело, холандскиот експерт кој го наследи Јирген Клоп.
„Црвените“ по четири кола се единствени максимални во Лигата на шампионите. Имаат 12 бода, десет постигнати и само еден примен гол.
Одлично им оди и во англиската Премиер лига. По 11 кола Ливерпул е прв со 28 бода, пет повеќе во однос на второпласираниот Манчестер сити.
Пред два дена Црвените на Енфилд ја совладаа Астон вила со резултат 2-0, а головите ги постигнаа Нунез и Салах.
Победата против екипата од Бирмингем означи нов рекорд на Премиер лигата, за што англиските медиуми донесоа повеќе детали.
Како што објави „Сан“, Арне Слот е единствен во историјата на тренерите во Премиер лигата од 1992 година кој во првите 17 мечеви во сите натпревари на клупата остварил дури 15 победи.
Така го надмина Карло Анчелоти и Жозе Мурињо кои имаа по 14 победи, додека Антонио Конте, Маурицио Сари и Џон Грегори имаа по 13.
Интересно е што далеку подолу на оваа листа е Пеп Гвардиола кој остварил 11 победи во првите 17 мечеви во Манчестер сити.
Уште пониско е поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој имал само девет победи во првите 17 мечеви на клупата на Црвените.