На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Александер Исак е еден од најценетите напаѓачи во европскиот фудбал, што го тера Њукасл да постави висока цена за него. Малку е веројатно да биде под 100 милиони фунти.
Англиските клубови Арсенал и Ливерпул се најмногу заинтересирани за шведскиот голгетер. Ливерпул активно работи на стратегија за да биде победникот во борбата за неговиот потпис.
Како што известуваат од некои англиски извори, Ливерпул подготвува понуда која би вклопувала паричен надоместок, а исто така и уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез кој би бил дел од договорот со префрлување на „Сент Џејмс Парк“.