Слот кажа „не“: Баерн ја посакува ѕвездата на Ливерпул, тимот од „Енфилд“ веднаш нуди нов договор


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Фабрицио Романо откри нови детали во врска со играчот што Ливерпул на секој начин сака да го задржи уште долго во својот тим.

Станува збор за Доминик Собослаи, играч кој привлече голем интерес од Баерн Минхен, но на Енфилд навистина сакаат да го задржат.

Собослаи се етаблираше како еден од најважните играчи на Ливерпул откако за 70 милиони евра пристигна во овој клуб од Лајпциг во 2023 година.

Унгарецот игра навистина феноменално во средниот ред, а го одликува и одличниот удар од големи дистанци и стана миленик на навивачите.

Собослаи има договор со Ливерпул до летото 2028 година, но веќе е подготвен нов договор за уште подолг временски период.

The Athletic порано оваа недела пренесе дека Ливерпул одржа први преговори за новиот договор со Унгарецот.