До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул запишаа пораз во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Пари Сен-Жермен.
Во текот на целиот натпревар, на теренот постоеше само една екипа, а тоа беше ПСЖ кој на крајот славеше со 2:0.
Секако, прашањето за пласман не е решено со победата во првиот натпревар, но ако Ливерпул продолжи да игра вака и во реваншот, нема апсолутно никакви шанси против тимот од Франција.
Веќе и пред почетокот на натпреварот, навивачите на Ливерпул беа во неверување поради потегот на Арне Слот.
Имено, тренерот на Ливерпул одлучи да го остави Мо Салах на клупата на овој натпревар.
Неговата екипа играше многу слабо од првата минута на натпреварот, а Слот некаде на средина од првото полувреме го испрати Мо Салах на загревање.
Малкумина можеа да замислат дека Слот до крајот на натпреварот ќе го понижи Салах како никој никогаш во текот на неговата кариера.
Времето поминуваше, Ливерпул имаше два гола заостанување, а Слот дури во 78-та минута одлучи да го започне со замените.
Слот направи дури четири измени во таа 78-ма минута, а иако му требаше погодок и покрај фактот дека Салах беше скоро целото време на загревање, тој не влезе во игра.
















