Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Ливерпул не само што изгуби бодови од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите, туку се повреди и првиот голман Алисон Бекер.
Бразилскиот голман излезе од игра во 56. минута. Слот потврди дека повредата е од посериозна природа и дека нема сигурно да игра против Челси.
– Никогаш не е добро кога играчот вака ќе излезе и бидете сигурни дека нема да игра во сабота против Челси – рече Слот.
Сепак, Ливерпул има соодветна замена. На голот ќе застане грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили, кој дојде минатото лето од Валенсија за 30 милиони евра. Она што можеби повеќе го загрижува Слот е што Иго Екитике е под знак прашалник.
– Не мислев веднаш дека е повреден, но Иго почувствува нешто. Рече дека не може да продолжи, па моравме да го извадиме. Ќе видиме како ќе биде за викендот.