Словенија на колена во Скопје: Елмас со два гола носи важни три бода за Македонија! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација запиша важни три бода на Националната Арена „Тодор Проески“, откако Елиф Елмас постигна два гола против Словенија во седмото квалификациско коло за Европското првенство во 2020 година.

Елмас уште во првото полувреме погоди во мрежата на Словенија, но голот му беше поништен од страна на судиите, откако асистентот покажа сомнителен офсајд.

Елиф блесна во второто полувреме, откако во 50. минута ја погоди мрежата на Словенија за 1-0, по одличната асистенција на Горан Пандев.

Во 68. минута мечот беше решен, откако по фантастична контра на Македонија, Елмас излезе сам пред голманот на Словенија, Јан Облак и погоди за 2-0.

Словенците успеаа да намалат од пенал во финишот од мечот на 1-2.