Случајот „Роналдо“ се ближи до епилог: Јувентус објасни зошто Португалецот останал на клупа!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо побарал од тренерот Масимилијано Алегри да го почне натпреварот против Удинезе како резерва.

Алегри го демантираше тоа и кажа дека одлуката Роналдо да биде резерва е негова.

„Роналдо се чувствува добро. Зборував со него пред натпреварот, му кажав дека ќе биде на клупата. Тој се стави себе на располагање, играше добро кога влезе во игра“, кажа Алегри.

Потпретседателот Павел Недвед реагираше на сличен начин.

„Не смееме да создаваме сензационални приказни каде што нема причина. Тоа беше одлука на тренерот. На почетокот на сезоната нормално е тоа да не биде подготвен. Тренерот се труди на теренот да го постави најдобриот состав“, вели Недвед.