Сметаат дека се оштетени во мечот на сезоната: Ова беше најавена смрт…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во изминативе сезони поради доминацијата на Јувентус во Италија во финишот на сезоната во суштина се води голема битка за Лигата на шампионите.

Еден од најважните натпревари беше одигран вчера на „Сан Сиро“ помеѓу Милан и Лацио. За Небесноплавите на некој начин ова беше средба на сезоната бидејќи беа во бодовен заостанок, но на крајот беа поразени со минимални 1:0.

„Росонерите“ славеа со погодк од пенал, а во римскиот клуб по мечот беа поприлично фрустрирани. Спортскиот директор беше разочаран од судењето на судијата Џанлука Роки.

„Ова беше најавена смрт, она за што се плашев пред мечот. Жал ни е што сме поразени во меч во кој одлично игравме, особено во првото полувреме. Залуживме да се одлучи на теренот, а не деталите“, истакна бившиот албански репрезентативец, Игли Таре.

„Мислам на брзината како е досуден првиот пенал, вториот може да биде, бидејќи имаше физички контакт, но падна како противникот во него да пукаше. Она над Миликович беше чист пенал, одвај ја допре топката, а беше голем контакт. Кој играл фудбал ја познава динамиката и можеше да биде пенал“, истакна Таре.

Инаку, Милан и Лацио за 10-тина дена повторно ќе ги одмерат силите и тоа во рамки на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија. Мечот повторно ќе се игра на „Сан Сиро“. Во првиот дуел беше 0:0.