Смолинг се збогуваше од Рома: Разочаран сум што не можам да го завршам почнатото…


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед го отпиша Крис Смолинг и го испрати на позајмица во Рома, а потоа Англичанецот блесна во Италија.

Искусниот дефанзивец играше одлично и Рома реши да го обезбеди неговио трансфер. Меѓутоа, одличните настапи ги забележаа и „ѓаволите“, па решија да го вратат во Манчестер.

Смолинг се чувствуваше виновно и разочарано затоа што не можел да ја заврши сезоната со Рома, па се јави на Твитер.

„Многу сум разочаран што не можам да го завршам тоа што го почнав сезонава. Почуствував љубов која ми беше покажана за краток период и тоа никогаш нема да го заборавам. Сакам да им се заблагодарам на сите“, вели Смолинг.