Смртта на Диого Жота ги обедини португалските великани – се збогуваа од починатиот фудбалер


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Страшни вести ни стигнаа утрово од Шпанија, најлошите можни. Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота загина во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре.

Сè се случи во округот Самора нешто после полноќ, кога автомобилот излета од патот и се запали, а фудбалерот и неговиот брат загинаа на лице место.

Смртта на Диого Жота го обедини фудбалскиот свет во тага, а најголемите португалски великани – Порто и Спортинг – се обратија со потресни пораки поради неговата смрт.

Фудбалскиот клуб Порто остави следнава порака на социјалната мрежа “X”.

– ФК Порто жали. Со огромен шок и длабока тага изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои беа дел од нашиот тим во младинските категории. Почивајте во мир – напиша Порто.

Се обрати и Спортинг, кој исто така не ја криеше тагата поради прераното заминување на Жота.

 Светот на фудбалот денес стана посиромашен. Спортинг изразува тага поради смртта на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Најискрено сочувство до семејството во овој тежок момент – додаде Спортинг.

Фото: Ливерпул ФК