Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европското првенство (ЕП) стигна до осминафинални натпревари, а поранешниот репрезентативец на Холандија, Весли Снајдер вели дека Италија е екипа која може да го освои турнирот.
Италија беше една од најдобрите селекции во групната фаза и „аѕурите“ триумфираа дури три пати, при што не примија ниту еден гол, а следен ривал во осминафинале ќе им биде Австрија.
Снајдер за медиумите во неговата татковина кажа дека има нов фаворит за титулата на ЕП, а тоа е селекцијата на Италија.
„Според мене фаворит за титулата е Италија. Тие играат одличен фудбал, кој ме убедува дека се најдобри и можат да напредуваат“, вели Снајдер.
Италија се наоѓа во одлична форма одамна затоа што веќе 30 натпревари не знае за пораз, а нема примено гол ниту на последните 11 дуели.