Снимка која покажува дека Валверде го нокаутирал Баена (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По дуелот меѓу Виљареал и Реал Мадрид се случил инцидент меѓу Феде Валверде и Алекс Баена, при што нокаут добил фудбалерот на „жолтата подморница“.

Валверде бил гневен поради провокациите од Баена, кој го навредил неговото семејство, па решил физички да се пресмета со него.

„Плачи сега, вашето бебе нема да се роди“, му кажал Баена на Валверде.

„Ел Чирингито“ објави снимка на која може да се забележат последиците на лицето на Баена по боксот од Валверде.