Снимка која покажува колку Модриќ му е потребен на Реал Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид на тешко гостување во саботата славеше против Селта виго со 2-1, па така остана убедливо пред ривалите на првата позиција.

„Кралевите“ се блиску до титулата, а победата против Селта беше еден чекор поблиску до остварување на целта.

Лука Модриќ се ближи кон заслужена пензија, но и понатаму е важен член во составот на Реал Мадрид, а против Селта и покажа зошто е тоа така.

Модриќ на клупата ја извршуваше функцијата на тренер, а камерите го снимија како постојано им даваше упатства на неговите колеги, па го испрати и Начо на загревање додека на клупата го немаше Карло Анчелоти кој има ковид-19.

Уште еднаш се покажа колку е важен член на екипата, а очигледно му се „смешка“ и успешна тренерска кариера, доколку има такви амбиции.