Со денови не јадеше, бил заклучен во соба, а сега сите ќе гледаат во него во финалето на Конференциската лига


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Антони искрено зборуваше за тешкиот период што го доживеа за време на престојот на Олд Трафорд и последиците што тој период во Манчестер јунајтед ги остави врз неговото ментално здравје.

Бразилецот, кој летото 2022. пристигна од Ајакс за вртоглави 86 милиони евра, никогаш не успеа да ги исполни големите очекувања на навивачите и раководството на клубот. Во дресот на „црвените ѓаволи“ забележа 96 настапи, постигна само 12 голови и запиша пет асистенции, пред почетокот на 2025. да се пресели во шпанскиот Бетис на позајмица.

Од тогаш како да му олесни – во дресот на Бетис заблистал со девет голови, за него пишуваше целиот свет за време на пролетта, додека со шпанскиот клуб вечерва ќе игра во финалето на Конференциската лига против Челзи.

Во интервју за TNT Бразил, Антони емотивно зборуваше за најмрачниот период во својот живот:

– Преживував навистина тешки моменти во Јунајтед. Доаѓав до точка каде веќе не чувствував задоволство. Му велев на брат ми дека веќе не можам. Само јас знам како беше кога останував дома без сила да се играм со синот, кога денови не можев да јадам, заклучен во својата соба.

Фото: Принтскрин