Солскер доби рекорден буџет за засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскер неодамна потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајед.

Солскер на Олд Трафорд дојде како привремено решение откако Џозе Мурињо доби отказ. Меѓутоа, во Јунајтед не очекуваа дека Норвежанецот ќе ја препороди екипата и ќе остави толку голем напредок за само неколку месеци.

Челниците на клубот одлучија да му пружат поддршка и му понудија останување во клубот, односно тригодишен договор. Тој тоа го прифати без многу размислување и порака дека му се оствари сонот да го води клубот за кој настапуваше додека беше фудбалер.

Меѓутоа, јасно е дека пред нив има многу работа, бидејќи се гледа дека Јунајтед има многу прблеми околу играчкиот кадар. Од клубот сакаат да се вратат на самиот врв и јасно е дека им се потребни големи засилувања.

Англиските медиуми тврдат дека конечно и челниците на Јунајтед тоа сфатиле, па одобриле рекорден буџет за засилувања. Наводно, Солскер ќе има на располагање дури 250 милиони евра за засилувања, а тие би можеле да се зголемат доколку Јунајтед продаде некој свој играч, што сигурно же се случи.