Солскер за можниот трансфер на Санчез: Преговорите продолжуваат …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неразурите се надеваа дека Алексис Санчез ќе биде во нивниот тим досега. Сепак, преговорите со Јунајтед запреа.

Интер и Манчестер Јунајтед, наводно, биле близу до постигнување на договор за трансфер на Санчез, но тогаш „црвените ѓаволи“ решиле да ги променат условите.

Како прво, Јунајтед побара од Интер, кога ќе го доведува на заем Чилеанецот, да ја преземе исплатата на поголем дел од примањата на Санчез, така што од конечниот договор не испадна ништо.

Иако се веруваше дека Санчез е отпишан во Јунајтед, денес Оле Гунар Солскер зборуваше во прилично позитивно светло за Чилеанецот, но, исто така, призна дека преговорите со „некои клубови“ сè уште траат.

“Сеуште има разговори со некои клубови, но тој играше во пријателскиот натпревар со Шефилд Јунајтед и тој одигра добро”, рече Солскјер.

Исто така, треба да се напомене дека пред неколку дена Солскер изјави дека Санчез ќе одигра повеќе натпревари отколку што мисли во новата сезона.

Сепак, Норвежанецот е свесен за можноста за Чилеанецот да го напушти Олд Трафорд ова лето е реална.

„Ќе видиме што ќе се случува во септември“, рече Солскер.

Очигледно, Норвежанецот смета дека судбината на Санчез ќе се реши во самиот крај на преодниот рок во Италија – 2 септември.