Солскјер: Да имаше публика, резултатот ќе беше 12-4!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше задоволен од триумфот на неговиот тим против Лидс од 6-2 во 14. коло од Премиерлигата.

„Ѓаволите“ сега му се приближија на пет бодови на лидерот Ливерпул, но Јунајтед има одиграно и еден меч помалку.

„Игравме фантастично од првата минута. Замислете на стадионот да имаше 75.000 луѓе. Натпреварот ќе влезеше во историјата како еден од најголемите против Лидс. Резултатот можеше да биде и 12:4, таков беше натпреварот“, кажа Норвежанецот.

Солскјер беше презадоволен од играта на неговите фудбалери на теренот.

„Играта беше луда, брза…Без оглед на резултатот Лидс секогаш има ист стил и на 5:0 и на 0:5. За местото на табелата не сакам да зборувам, рано е. Уште не сме поминале ниту поовина пат, но гледам напредок“, изјави Солскјер.