Солскјер е далеку од мирен човек и тоа го покажа против Шефилд јунајтед 🎥


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше против Шефилд јунајтед со 3-2, а херој на победата беше Маркус Рашфорд. Напаѓачот на „ѓаволите“ постигна два гола во мечот и така му донесе победа на својот тим, иако до последниот момент не беше ништо решено.

Иако тренерот Оле Гунар Солскјер важи за мирен и повлечен, тој знае да биде жесток кога е потребно. Доказ за тоа е сцена од синоќешниот меч.

Откако фудбалерот на Шефилд јунајтед, Ампаду жестоко направи прекршок врз Рашфорд, Солскјер полуде и реши да тргне по противничкиот менаџер Крис Вајлдер.

Солскјер му испрати брутални зборови на неговиот колега, а ниту Вајлдер не му остана должен, а ситуацијата покрај аут-линијата мораа да ја смират судиите на натпреварот.