Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е воодушевен што неговиот тим го засили стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кој во минатото беше желба и на Сер Алекс Фергусон.
Варан го комплетираше трансферот од Реал Мадрид, а Солскјер по ремито во пријателскиот меч против Брентфорд кажа дека е воодушевен што конечно ја засилил одбраната со одличен фудбалер.
„Многу сум среќен што се договоривме со Реал Мадрид за Варан. Тој е докажан лидер. Игра кој со години го следеше Сер Алекс Фергусон и беше блиску да го ангажира. Со него ќе добиеме поквалитетен тим“, кажа Солскјер.