Солскјер ги дочека своите пет минути и удри по Жозе Мурињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги дочека своите пет минути и му одговори на Жозе Мурињо.

Португалецот во септември изјави дека овој Манчестер Јунајтед е послаб од тој што го водел самиот Мурињо, а сега Солскјер му одговори на тие прозивки.

„Не сакам да зборувам за другите менаџери. Но почувствував дека во овој тим многу треба да се промени. Донесовме четворица играчи, а си заминаа неколку други. Промовиравме многу младинци во тимот. Не знам колку драматично изгелда тоа, но ни требаа неколку важни делчиња од сложувалката, а сега ги имаме нив.

Верувам дека сме на вистинскиот правец во кој Манчестер Јунајтед треба да се движи. Мислам дека сум вистинскиот човек за Јунајтед, но нема да седам овде и постојано да ви го зборувам тоа“-изјави Солскјер, а потоа го пецна Жозе Мурињо кој постојано се жали дека се соочува со повредени фудбалери.

„И мене ми фалат Погбаи Рашфорд, но како што гледате не зборувам за тоа. Други добиваат шанса. И тоа е дел од играта, да се повредите. Можеби никој не очекуваше дека можеме да бидеме во битка за Топ4, но одигравме добро без оглед на сите проблеми“ –заврши Солскјер.